Министерката Натали Лоазо во посета на Северна Македонија [fr] [sq]

Министерката Натали Лоазо престојуваше во посета на Северна Македонија за да разговара за нашата билатерална соработка, особено во областа на економијата и на културата. На средбите предвидени во нејзината агенда, се разговараше и за Договорот од Преспа и приближувањето кон Европската унија на земјите од Западен Балкан.

Госпоѓа Натали Лоазо, Министерка за европски прашања при француското Министерство за Европа и Надворешни работи допатува во работна посета на Република Северна Македонија во вторник на 26 февруари. Во нејзината агенда беа предвидени разговори со Премиерот Зоран Заев, со Министерот за Надворешни работи, Никола Димитров, со Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, со Претседателот на Собранието Талат Џафери, со Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во рамките на посетата на Владата на Република Северна Македонија, Министерката Лоазо и Министерот за Образование и Наука, Арбер Адеми, во присуство на Премиерот Зоран Заев, на Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, Радмила Шекеринска и на Министерот за Надворешни работи, Никола Димитров, потпишаа билатерална Спогодба која се однесува на франкофонските двојазични паралелки во средните училишта. Република Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата (https://www.francophonie.org/), а оваа спогодба е прва од таков вид што таа ја потпишува со друга држава по ратификацијата на Договорот од Преспа.

Госпоѓа Марта де Сидрак, сенатор и претседател на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, како и господин Бертран Сор, пратеник, претседател на групата за пријателство Франција-Северна ја придружуваа Министерката.

На средбата со студенти во Дипломатската академија, госпоѓа Лоазо разговараше за прашања кои се однесуваат на иднината на ЕУ и на процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската унија. Потоа таа оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а се сретна и со претставници на локални невладини организации, партнери на амбасадата.

publie le 27/02/2019

hautdepage