Министерката за Одбрана во официјална посета на Париз [fr] [sq]

На 30-ти ноември, француската Министерка за Вооружени сили, г-ѓа Флоранс Парли, заедно со Државниот секретар г-ѓа Женевјев Дарјесек, ја прими г-ѓа Радмила Шекеринска, Заменичка на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, која престојуваше во официјална посета на Париз.

Обновената соработка и продлабочувањето на односите помеѓу Франција и Македонија во областа на одбраната беа во фокусот на разговорите. Двете министерки разменија мислења за европските безбедносни прашања. Г-ѓа Шекеринска ја истакна посветеноста на Македонија кон процесот на пристапување во НАТО и заложбите што ги прават вооружените сили за исполнување на стандардите на Алијансата.

Таа оствари средба и со Претседателот на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на Сенатот, горниот дом на францускиот Парламент, г-дин Кристијан Камбон, како и со генерал-полковник Дестремо, Директор на Институтот за високи студии на националната одбрана на Франција (IHEDN), при што беа разгледани можностите за обука на високи државни службеници и офицери од Македонија.

Г-ѓа Шекеринска ја потврди подготвеноста на македонското Министерство за Одбрана да се вклучи наскоро во мировните операции во Африка, предлог кој ќе биде поздравен и поддржан од страна на Франција. Сите соговорници на министерката ја изразија својата поддршка кон имплементацијата на Преспанскиот договор, за успешно да се заврши процесот на пристапување на земјата во НАТО и да се забрза нејзиниот пат кон ЕУ.

publie le 03/12/2018

hautdepage