Министерот Димитров престојуваше во посета на Париз [fr] [sq]

Министерот за Надворешни работи, г. Никола Димитров, престојуваше во посета на Париз во понеделникот на 9 септември, при што оствари средби со г-ѓа Амели де Моншален, државен секретар за европски прашања и г. Клеман Бон, Советник за Европа и Г20 на Претседателот Макрон, како и со заменик генералниот Секретар за европски прашања, г-дин Салваторе Серавале и сенаторот Ален Ришар, претставник на владата за економска дипломатија на Балканот.

За време на овие средби, министерот Димитров на своите соговорници им го претстави напредокот постигнат во целните области од заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018 година. Разговорите се фокусираа особено на европските перспективи на земјата, консолидацијата на владеењето на правото и продлабочувањето на билатералната соработка преку Француската стратегија за Западен Балкан. За време на престојот, министерот Димитров се сретна и со претставници на македонската заедница во Франција и присуствуваше на приемот во Амбасадата на Северна Македонија во Париз организиран по повод 8 септември, денот на Независноста, што беше одбележан со посебна изложба на сликарите Решат Амети и Дита Старова.

publie le 19/09/2019

hautdepage