Министрите Османи и Димитров, престојуваа во посета на Париз [fr] [sq]

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи и Министерот за Надворешни работи, г. Никола Димитров, во четвртокот на 6 јуни престојуваа во посета на Париз, при што остварија средба со Државниот секретар за Европски прашања, г-ѓа Амели де Моншален, како и со г. Клеман Бон, Советник за Европа и Г-20 на Претседателот Емануел Макрон.

На овие средби, министрите им го презентираа на своите соговорници напредокот постигнат во целните области од заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018. Разговорите беа пред сè фокусирани на европските перспективи на земјата и на продолжувањето на билатералната соработка преку Француската стратегија за Западен Балкан.

JPEG

publie le 09/06/2019

hautdepage