Мисија за билатерална обука во корист на АРМ [fr] [sq]

Како дел од континуираната соработка помеѓу македонското Министерство за Одбрана и француското Министерство за Вооружени сили, беше спроведена активност за обука од 6 до 11 мај во Скопје од страна на двајца инструктори од францускиот Национален центар за спортови во Одбраната (CNSD) наменета за Полкот за специјални операции на македонската Армија.

Амбасадорот, придружуван од помошникот на аташето за одбрана, главен наредник Силвен Кавен, беше примен од страна на полковникот Бесник Емини, заменик-командант на Полкот за специјални операции на АРМ и имаше можност да присуствува на вежба за оперативна физичка подготовка.

Во оваа прилика, тој им се заблагодари на француските инструктори за нивната посветеност и истакна дека пренесувањето на знаењето ќе овозможи да се подобрат способностите за оперативна физичка подготовка на припадниците на македонската армија, од перспектива на пристапувањето на земјата во структурите на НАТО и нејзиното учество во мировни операции во европски рамки или под покровителство на Обединетите нации.

publie le 21/05/2018

hautdepage