Младински камп на природниот локалитет Матка [fr] [sq]

ЗИП Институтот, невладина организација чиишто активности се насочени кон европската интеграција и демократизацијата, организираше со поддршка на амбасадата на Франција, младински камп на природниот локалитет Матка, кањон што се наоѓа во близината на Скопје.

На настанот се собраа млади љубители на прошетките во природа од неколку земји во регионот, со цел да се подигне свеста за природата, да се промовира зелениот туризам, како и почитта кон животната средина и помирувањето.

publie le 17/06/2019

hautdepage