Мобилноста на младите и одлив на мозоци [fr] [sq]

Како дел од програмата за билатерална соработка со граѓанското општество, амбасадата на Франција во Скопје ко-финансираше студија спроведена од Центарот за истражување и креирање политики (Center for Research and Policy Making).

Студијата ја анализираше мобилноста на младите, реална или во перспектива, во контекст на европската интеграција. Целта на студијата е да се идентификуваат причините за одлив на мозоци за да се изнајдат реални решенија.

JPEG - 118.4 ko

Презентацијата на студијата на 5 декември беше повод за разговор на кој присуствуваа претставници на неколку невладини организации, заменик министерот за образование Петар Атанасов, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, пратениците Никола Попоски и Ивана Туфегџиќ, како и претставникот на Македонија во РИКО Алберт Хани.

JPEG - 61.3 ko

Формулирани беа конкретни предлози за да им се понуди на младите Македонци подобри животни услови и подготовка за локален економски развој. Амбасадорот во оваа прилика ја истакна, според искажаните констатации, потребата од спроведување на тековните реформи, а особено да се стави крај на улогата на партиите при вработувањето.

publie le 19/12/2018

hautdepage