Моден викенд со француски акцент [fr] [sq]

Во четврток на 1 ноември, француско-македонската дизајнерка Лидија Георгиева ги претстави креациите на својата јубилејна есенско-зимска колекција за 2019 година на специјално дизајнираната модна писта на студиото на симфонискиот оркестар за филмска музика „Ф.А.М.Е.’С“.

Организирано на отворањето на 18 издание на Модниот викенд во Скопје, дефилето на колекцијата "Милион милји време" беше можност професорката по дизајн на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ да ја претстави, во присуство на поранешната амбасадорка Лоренс Оер, својата пост-гранџ колекција што ја освои многубројната публика присутна на овој настан.

Соработката во областа на текстилот и модата е еден од приоритетите на Францускиот институт во Скопје, кој поддржува неколку иницијативи во оваа област.

publie le 09/11/2018

hautdepage