Модна ревија од страна на студентите од Меѓународниот моден институт Изет Цури [fr] [sq]

Во четвртокот на 5 март, амбасадорот ја отвори модната ревија организирана во Музејот на македонската борба од страна на Меѓународниот моден институт Изет Цури. За оваа пригода, студентите на институтот, кои припаѓаат на повеќе националности, ги претставија своите креации под внимателниот поглед на нивниот ментор, стилист и моден креатор, Изет Цури, поранешен соработник на престижни париски модни креатори.

Овој институт, поддржан од Францускиот институт во Скопје, оспособува врвни модни професионалци коишто се мошне барани. Секоја година одреден број студенти имаат можност да реализираат краток студиски престој во Париз.

publie le 09/03/2020

hautdepage