Мозаик од жени активни во сите области, вклучително и во Скопје [fr] [sq]

На 8 март, една година по започнувањето на француската стратегија за еднаквост меѓу жените и мажите 2018-2020, Министерството за Европа и надворешни работи ја обнови својата посветеност на уделот на жените во дипломатијата.

Борбата против нееднаквоста помеѓу жените и мажите зазема значајно место во активностите што ги презема Франција во рамките на своето претседателство со Г7.А така ќе биде при целото нејзино мултилатерално дејствување.

На 8 март, една година по започнувањето на француската стратегија за еднаквост меѓу жените и мажите 2018-2020, Министерството за Европа и надворешни работи ја обнови својата посветеност на уделот на жените во дипломатијата.

Светската банка ја рангира Франција во 2019 година меѓу шест земји во светот (заедно со Белгија, Летонија, Луксембург, Данска и Шведска), сите членки на ЕУ, каде што правната еднаквост е целосно постигната во доменот на професионалниот ангажман. Сепак, останува уште многу да се направи за вистинска еднаквост во поглед на функциите и платите.

Овој ден ќе го одбележат неколку значајни настани, а еден од нив е изложбата која зборува за напредокот во поглед на еднаквоста во рамките на Министерството за Европа и надворешни работи, како и предизвиците со коишто ќе се соочиме во иднина.

Изложбата прикажува портрети на жените кои први биле на функција амбасадор или директор, но исто така и еден мозаик од жени активни во сите области, вклучително и во Скопје, посебно одбрано за оваа изложба.

Откријте ја изложбата >> bit.ly/2H9elbz

publie le 11/03/2019

hautdepage