Можности за соработка во неколку сегменти на здравствениот систем [fr] [sq]

Средба со министерот за здравство, д-р Венко Филипче. Размена на искуства меѓу двете земји ќе ги подобри вештините на медицинскиот персонал, како и квалитетот на увезените фармацевтски производи во Македонија.

JPEG

Амбасадорот, придружуван од аташето за соработка, оствари средба во понеделник, 19 март, со Министерот за Здравство, д-р Венко Филипче. На состанокот учесниците дискутираа за можностите за соработка во неколку сегменти од здравствениот систем, вклучувајќи ја и здравствената инфраструктура, новата опрема и обуката на вработените. Посебен акцент беше ставен на размената на искуства помеѓу двете земји за подобрување на вештините на медицинскиот персонал во јавните здравствени установи во Македонија, како и квалитетот на увезените фармацевтски производи.

publie le 28/03/2018

hautdepage