Мултикултурен проект за размена [fr] [sq]

Во петокот на 10 мај амбасадорот организираше прием во резиденцијата на Франција, за млади Македонци, Грци и Французи, кои учествуваат во мултикултурен проект за размена.

Овие новинари, студенти (од Факултетот за политички науки во Дижон, град збратимен со Скопје) и уметници, заеднички прават репортажи за земјите од каде што потекнуваат и на тој начин сакаат што подобро да ги информираат своите врсници за Балканот низ призмата на европските предизвици. На настанот присуствуваа претставници на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија, како и директорот на РИКО, г. Алберт Хани. Со оглед на важноста од добро информирање на младите луѓе за Европа, Франција ги поддржува овие активности на соработка меѓу младите од Европа, директно со стипендии, но исто така и со придонес во финансирањето на RYCO и на програмата Еразмус +.

publie le 15/05/2019

hautdepage