Мултимедијален настан во Музејот на македонската борба за независност [fr] [sq]

По повод одбележувањето на Денот на независноста, амбасадорот присуствуваше во среда на 4 септември, на мултимедијалниот настан инспириран од антифашистичкото собрание за ослободување на македонскиот народ, во организација на Музејот на македонската борба за независност.

Тој разговараше со директорката на музејот, г-ѓа Даниела Николова, за нејзината претстојна посета на Музејот на Човекот во Париз, како и за можностите за билатерална соработка. Директорката му ги претстави на амбасадорот оригиналниот записник од собранието одржано на 2 август 1944 година, кога била прогласена Народна Република Македонија, како и Манифестот за правата на македонскиот народ.

publie le 10/09/2019

hautdepage