На пат кон Франкофонијата: уметничко патување во природна средина [fr] [sq]

Во рамките на месецот на Франкофонијата, амбасадорот заедно со градоначалничката на Тетово, г-ѓа Теута Арифи и директорката на Француската алијанса во Тетово, г-ѓа Мари Модуен, го посетија основното училиште во Порој, општина Тетово за да учествуваат во едукативниот проект „На пат кон Франкофонијата: уметничко патување во природна средина".

Со поддршка од Француската алијанса во Тетово, општината Тетово и Француски институт во Скопје, учениците и нивните наставници по француски и англиски јазик и по ликовно образование беа во можност да го реализираат овој заеднички проект за подигнување на свеста за екологијата.

publie le 01/04/2019

hautdepage