На здравје [fr] [sq]

Винарската визба „Тиквеш“ се вбројува меѓу најдобрите производители на вино на Балканот. Таа инвестираше и во Франција, во регионот Côtes du Rhône, каде што поседува свој успешно реновиран имот. Потврда за заслужено стекнатиот углед е освојувањето на четири златни медали за 2020 година на францускиот натпревар „Citadelles du vin“ што секоја година се одржува во Бордо.

Во конкуренција на 719 вина од 29 држави од целиот свет, македонското „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ 2016, како и „Vase de Pierre“ 2018 и „Terrasse à L’Ombre“ 2018 од винарницата „Château de Gourdon“ го освоија жирито. Амбасадата му честита на г. Светозар Јаневски и на неговите енолози за овој француско-македонски успех.

JPEG

publie le 14/07/2020

hautdepage