Набљудување на првиот круг од претседателските избори во Република Северна Македонија [fr] [sq]

Амбасадорот, заедно со своите соработници, беше дел од меѓународните тимови за набљудување на првиот круг од претседателските избори во неделата, на 21 април.

Тие беа присутни низ целата земја и посетија голем број избирачки места и изборни комисии, а остварија и средби со претставници на граѓанското општество, како и со гласачи, што претставуваше можност реално да се оцени квалитетот на демократскиот напредок во земјата. Посетата на голем број училишта каде што се спроведува гласањето, ни приреди неочекувани пријатни откритија поврзани со активностите на професорите и учениците кои изучуваат француски јазик.

publie le 23/04/2019

hautdepage