Национален ден на почит кон жртвите од тероризам [fr] [sq]

Со одлука на Претседателот на Републиката, 11 март е прогласен за Национален ден на почит кон жртвите од тероризам.

На оваа прва комеморација, амбасадорот и персоналот на амбасадата на Франција во Скопје се собраа и со минута молчење им оддадоа почит на жртвите од нападите во Франција, како и на француските жртви на напади извршени во странство. Овој датум е исто така Европски ден за жртвите од тероризам. 11 март е избран за датум на сеќавање за најсмртоносниот терористички напад во Европа, на 11 март 2004 година во Мадрид. Покрај тоа, овој датум се совпаѓа и со нападите извршени во Монтобан и во Тулуз во 2012 година.

publie le 26/03/2020

hautdepage