Национална почит, оддадена на тринаесеттемина француски војници кои загинаа во Мали [fr] [sq]

Амбасадата на Франција во Скопје ја сподели попладнево националната почит што им беше оддадена на тринаесеттемина француски војници кои загинаа во Мали на 25 ноември 2019 година. Во Домот на Инвалидите, Претседателот Макрон го поздрави споменот за овие војници од копнената војска, шестмина офицери, шестмина подофицери и еден наредник кои ги дадоа своите животи во мисија, загинувајќи за Франција, во борба против тероризмот во Сахел.

Претседателот длабоко сочувствуваше со тагата и болката на нивните семејства и најблиските, потсетувајќи дека целата нација ја изразува својата безрезервна солидарност во овие тешки мигови.

publie le 07/12/2019

hautdepage