Надеж за името на Македонија [fr] [sq]

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се осврнува на преговорите со Грција за решавање на спорот околу името Македонија / Поранешна Југословенска Република Македонија. Прочитајте го тука целото негово интервју дадено за дневниот весник "Ла Кроа" при неговата посета на Париз:

ИНТЕРВЈУ - Никола Димитров, македонскиот Министер за Надворешни работи зборува за преговорите со Грција што ги води коалицијата предводена од премиерот, социјалдемократ Зоран Заев, заради решавање на спорот околу името на Македонија, која сè уште се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ).
Во меѓувреме, нова средба се одржа во четвртокот, на 12 април во Охрид под покровителство на ООН.

JPEG

Ла Кроа: Вашата земја сè уште привремено се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ). Можно ли е решение на овој спор за името, стар четвртина век?
Никола Димитров:
Се обидуваме да излеземе од јамата во која сме заглавени повеќе од дваесет години. Две европски земји кои споделуваат една географска област мора да можат да најдат чесен начин да ја разликуваат нашата држава од македонскиот регион на Грција, без да се загрози идентитетот и достоинството на македонскиот народ.
Во идеално сценарио, тоа би можеле да го сториме во наредните два или три месеци. Итноста на решението е диктирана од европскиот воз, самитот за Балканот што ќе се одржи во мај во Софија, петнаесет години по тој во Солун. Но, и од изборите: во 2019 година ќе се одржат претседателски избори во Македонија и парламентарни избори во Грција.
Мораме да бидеме многу внимателни кон јавното мислење во Македонија и во Грција. Иако нашите две земји имаат различни позиции, понекогаш се наоѓаме на иста страна како политичките сили, решени да најдат компромис, односно сили што се свртени кон иднината, но кои се судираат со силите од минатото, со национализмот.

Што планирате да направите со многуте националистички статуи подигнати во Скопје?
Н. Г.:
Ова бесконечно прашање за името успеа да нè заведе. Погледот опсесивно свртен кон античките времиња, не е здрав. Држејќи се кон митовите, ги губиме младите генерации. Министерството за култура е надлежно да одлучи за судбината на "Скопје 2014" [големиот архитектонски проект за антиквизација на старото националистичко мнозинство]. Лично би предложил да се свика едно светско уметничко натпреварување за да му се даде значење на овој хаос во градот. По една јавна расправа, неодамна го преименувавме аеродромот во Скопје (поранешниот Александар Велики, чиешто име предизвикуваше огорченост кај Грција).

Каква се перспективите за интеграција во Европската унија?
Н.Д .:
Бугарското претседателство претставува одлична можност ЕУ да се сврти кон Балканот. Патеката ќе биде долга. Но, ако не успееме да ја пренесеме Европа во Македонија, да воспоставиме правила, правда, ред, тогаш помладите генерации ќе продолжат да ја напуштат земјата, како што е случај во балканскиот регион, поради безнадежност. За среќа, постојат и такви коишто се враќаат.

Како Вас?
N. D:
Се вратив од Холандија во септември 2016 година. За време на политичката криза [2014-2017], јас бев еден од гласниците на "шарената револуција", за промени. Како граѓанин, така и влегов во Владата. Ова движење продолжува да дејствува. Толеранцијата за злоупотребите стана многу ниска. Членовите на Државната изборна комисија, кои ја злоупотребија својата позиција, беа принудени да поднесат оставка во декември. Промената на старата политика е клучно прашање за оваа влада формирана токму за време на големата криза на одговорност.

Дали вашите земји-партнери од поранешна Југославија се обединети?
N.D .:
Дојде време во нашиот балкански регион да заборавиме на кавгите - кој народ е постар, кој дал најмногу жртви - и да ги засукаме ракавите за да инвестираме во економијата, образованието и здравството.
Минатиот август потпишавме договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, кој веќе даде резултати во областа на туризмот, трговијата и инвестициите. Во декември одржавме прва заедничка владина седница со соседна Албанија од 1991 година! Не сакам да бидам претенциозен, но во регионот се појави една нова енергија, а нејзината динамика делумно е поттикната од Македонија.

publie le 15/04/2018

hautdepage