Надворешната политика [fr] [sq]

Министерство за надворешни работи Ке Д'орсе (Париз) - Слика : Ф. Де Мир / МНР - JPEG
Надворешната политика на Франција се базира на неколку фундаментални принципи : право на народите да одлучуваат сами за себе, почитување на човековите права и демократските принципи, почитување на правната држава и соработка помеѓу нациите. Во оваа смисла Франција настојува да ја зачува својата национална независност дејствувајќи истовремено за развојот на регионалната и меѓународната соработка.

Европска изградба

Од 1945 година, европската изградба се наоѓа во центарот на француската надворешна политика. За тоа постојат повеќе големи причини : да се обнови мирот и да се загарантира безбедноста на земјите, да се изгради единичен економски и монетарен простор кој ќе го гарантира просперитетот на европските народи.

Од тогаш Генералот де Гол, претседателите Помпиду, Жискар де Естенг, Митеран и Ширак постојано работеа на конкретизирањето и развојот европскиот праг за да стане економска сила и почитувана политика.

На економски план за тоа сведочат напорите на шест, потоа на дванаесет а сега напетнаесет земји членки : со бруто домашен производ од 8 346,3 милијарди долари ( 6 112 милијарди евра ) во 1998 година, Европската унија се изедначи со цела Северна Америка и предничи во однос на Азија.

Актуелниот предизвик несомнено се состои во тоа Европа да се здобие со вистински политички и монетарен идентитет и да се подготви на инстиуционален план кон приклучување на повеќе земји кандитати за членство во Европската унија. Франција работеше на тој план за време на меѓувладината конференција која резултираше со склучувањето на Договорот од Амстердам потпишан на 2 октомври 1997 ; таа исто така успеа да ги засили заедничките одредби на општествен план и вработување.

Од јануари 1999, еврото стана единствена монета за финансиските пазари, банките и претпријатијата. Денес по примерот на своите европски партнери од евро зоната, Франција се подготвува да ги стави во употреба бакнотите и монетите претворени во евра од 1 јануари 2002, четвртата етапа од Економската монетарна унија.

Меѓународна безбедност

Во поглед на безбедноста, годините на Студената војана како и периодот на нестабилност што следеше, им доделија големи одговорности на демократските земји, меѓу кои и Франција. Освен што е членка на НАТО, Франција е исто така членка на Европската унија од Западна Европа, Организација за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и на Европскиот кор во кој Франција брои 13 претставници.

Бидејќи Франција заедно со Велика Британија, САД, Русија и Кина , е една од петте нуклеарни сили, таа ја осигурува одржливоста и прилагодувањето на новите стратегии и има за цел да ја земе предвид важноста на нејзината одбрана во европски рамки, работејќи истовремено на целосната забрана за вршење нуклеарни проби и ангажирајќи се во контролата на вооружувањето и разоружувањето.

Дејствување во рамките на ООН

Франција ја води својата надворешна политика во согласност со целите и принципите на Организацијата на обединетите нации.

Тие се усогласени со идеалите кои ја одржуваат француската републиканска традиција. Франција воедно ја штити оваа организација уште од 1945 година и таа е четврта земја по ред која го дава својот финансиски придонес во нејзиниот буџет чијашто сума достигна 68,85 милиони евра во 2001 година, и уште 125,55 милиони евра за специјализираните институции на ООН.

Франција, како членка на Советот за безбедност зеде директно учество во операциите за зачувување на мирот (на Блискиот Исток, Камбоџа, Поранешна Југославија, Демократската Република Конго, Етиопија, Сиера Леоне…).

Финансискиот придонес на Франција за 2001 во мировните мисии достигна околу 261,75 милиони евра.

Франција исто така го поддржува дејствувањето на ООН за помагање на развојот, пред се преку донациите и техничката помош со кои таа дава придонес кон програмите за борба против сиромаштијата, за заштита на децата (УНИЦЕФ), борба против дрогата или донирање храна.

Меѓународна соработка

Меѓународната соработка на Франција се базира на два принципа : влијание и солидарност.

Главната директива за меѓународна соработка и развој е задолжена за спроведувањето на оваа политика низ четири главни директиви :

- Помош за развој преку соработка

Франција настојува да ја продолжи солидарноста кон неразвиените земји, а воедно донираше 4,42 милијарди евра помош за развој во 2000 година. Оваа сума претставува 0,33 % од францускиот бруто домашен производ, наспроти просекот од 0,22 % за земјите членки на Одборот за помош при развој.

Во рамките на иницијативата “ Сиромашни земји во долгови “, Франција донираше 4,7 милијарди евра за спроведување на договорите за развој и намалување на долговите.

-  Зголемување на културните размени и употребата на францускиот јазик.

Франција располага со 224 културни установи во 91 земја во светот, како и мрежа од 263 француски алијанси.

Политиката на промовирање на францускиот јазик опфаќа 70 милиони франкофони во 166 земји и 680 000 професори. Агенцијата за настава на француски јазик во странство, ги координира активностите на 270 училишни установи во светот.

-  Промовирање на научна и универзитетска соработка

Франција настојува нејзините научни истражувања да добијат меѓународни размери и податоците да станат достапни за научните системи на змјите со кои таа има склучено партнерство.

Научниот и техничкиот Обсерваториум заедно со 26те француски центри за научни истражувања во странство, го овозможуваат постигнувањето на овие цели.

Што се однесува до универзитетската соработка, Франција управува со 200 високи образовни франкофонски институции во светот, а особено ги зајакнува врските со земјите партнери како Германија и САД. Се зголемува бројот на странските студенти : денес тие се вкупно 172 000.

-  Гарантирање на употребата на францускиот јазик во аудио-визуелниот свет

Употребата на францускиот јазик при аудио-визуелното претставување во странство се повеќе се зголемува, а францускиот канал ТВ5 и Меѓународното француско радио се поддржани од страна на владата.

Франција исто така го охрабрува емитувањето на француските филмови во светот : во 1999 година бројот на извезени француски филмови порасна на 60 %.

Хуманитарна активност

Франција искажува особена важност на хуманитарната активност во својата надворешна политика, и е верна на вредностите од кои таа се инспирира. Таа одигра важна улога во развојот на хуманитарната активност и меѓународното хуманитарно право.

Службата на Министерството за надворешни работи ги коордонира француските институционални органи како: Граѓанската безбедност, Прва помош и Армиската служба за здравство.Трошоците за овие активности беа 9,3 милиони евра во 2000 и 2001 година. На оваа сума се додадени 4,12 милиони евра во форма на субвенции на француските невладини организации во странство. Во истиот домен Франција ја дава својата подршка и на мултилатералните организации.

Во 2000 година, 52 милиони евра беа одделени за програмите на меѓународните организации и хуманитарните институции на ООН : Високиот комесаријат за бегалци, Фондот на ООН за заштита на децата, Светската програма за храна, Службата на ООН за безбедност и соработка за бегалците од Палестина, Меѓународниот комитет на Црвениот крст...

Придонесот на Франција кон програмите спроведени во Европа достигна повеќе од 100 милиони евра. Преку хуманитарната служба на Европа, Франција им помага на дефаворизираните земји и народи кои подлежат на природни катастрофи и политички кризи.

Франкофонија

Паралелно со промовирањето на културните, научните и техничките размени, Франција настојува да ја зголеми важноста на францускиот јазик.

Преку франкофонијата таа настојува да ја зголеми соработката во франкофонското општество (131 милиони жители, што претставува 2,5 % од светската популација).

Во 1986 година се одржаа осум самити на франкофонијата. Самитот на претседатели на држави и влади на земјите членки на франкофонијата кој се одржа во ноември 1997 година во Ханој (Виетнам), ја означи политичката афирмација на франкофонското општество со назначување на Генерален секретар, политички портпарол на ова општество и координатор на програмите за економска, културна и лингвистичка соработка.

Франкофонската организација составена 51 земја членка, во 1999 година го одржа осмиот самит на франкофонијата во Монктон (Канада).

Застапеноста на Французите во светот

Во светот живеат околу 1 774 200 Французи. Нивната географска распределба изгледа вака :

52,7 % во Европа, што претставува 934 444 Французи
25,4 % во Америка, што претставува 450 831 Французи
8,2 % во Северна Африка, Блискиот и Средниот Исток, 145 000 Французи
8 % во Субсахарска Африка, 142 013 Французи
5,7 % во Азија и Океанија, 101 919 Французи

Повеќето од нив се привремени жители (просечно траење на престојот: 4 години). Главно се работи за кадри и техничари од француските компании, државни службеници или членови на хуманитарни организации.

publie le 10/05/2012

hautdepage