"Надворешната политика на Франција" на Универзитетот во Југоисточна Европа [fr] [sq]

Во вторникот на 17 декември, амбасадорот го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Тој во оваа прилика оствари средба со проректорите за меѓународна соработка и истражување, проф. Д-р Беса Арифи и за академски работи и дигитализација, г. Владимир Радевски. На средбата, тие разговараа за развојот на соработката помеѓу овој универзитет и француските универзитети во рамките на програмата „Еразмус“, како и зa изучувањето на францускиот јазик во оваа установа, за чиешто основање Франција даде свој придонес во 2001 година.

Амбасадорот потоа одржа предавање на тема: „Надворешната политика на Франција“. Тој ја повтори волјата на француските власти да продолжат да ја придружуваат земјата на нејзиниот европски пат, помагајќи ѝ во нејзините реформи, врз основа на обновената методологија за проширување на Унијата. Амбасадорот изрази желба поголем број албански студенти од Северна Македонија да учат на француските универзитети и да ги ползуваат ресурсите на Франкофонијата.

publie le 22/12/2019

hautdepage