Награда на Амбасадата на Република Франција за човекови права за 2015 г. [fr]

Оваа година наградата за човекови права на Амбасадата на Франција беше доделена на еколошкото друштво "Вила Зора" од Велес, кое спроведува од 1999 година, активности за подигање на свеста и мобилизација на граѓаните во борба против загадувањето на почвата во Велес.

JPEG

"Вила Зора" организира обуки, предавања во училиштата и дебати за одредени теми во врска со заштитата на животната средина. Големиот број средби со експерти на локално и државно ниво, придонесуваат за решавање на еколошките проблеми. "Вила Зора" исто така работи на промовирање на одржливиот развој. Нејзина цел е да се подобри квалитетот на условите за живот.

Наградата беше свечено доделена на претседателот, Господин Ненад Коциќ, на 10 декември 2015 година, на годишнината од Универзалната декларација на земјите-членки на Обединетите нации за правата на човекот и граѓанинот.

publie le 16/12/2015

hautdepage