Награда за Човекови Права на Амбасадата на Франција [fr]

Наградата ќе биде официјално доделена на 10 декември, односно на денот кога беше донесена Универзалната декларација за човекови и граѓански права, во Париз, на 10 декември 1948 година, од страна на земјите членки на Организацијата на Обединетите Нации.

JPEG
Награда за Човекови Права на Амбасадата на Франција

Во 2013 година, Амбасадата на Франција во Скопје за првпат ја додели Наградата за човекови права. Оваа награда ќе се доделува секоја година, по повод Денот на човековите права, на македонско здружение, чии активности се во доменот на човековите права во Македонија.

Наградата, која e во износ од 1 000 евра, претставува поттик за здружението да продолжи со делување во насока на развој на човековите права во Република Македонија.

Кое било здружение, заведено со македонскиот закон, може да аплицира за оваа награда, согласно условите поставени на веб-страницата на Амбасадата. Потребно е здружението да има изработено проект за промоција на човековите права, кој би бил сочинет од од една или повеќе конкретни активности, кои ќе помогнат во подигнување на свеста за човековите права.

Наградата ќе биде официјално доделена на 10 декември, односно на денот кога беше донесена Универзалната декларација за човекови и граѓански права, во Париз, на 10 декември 1948 година, од страна на земјите членки на Организацијата на Обединетите Нации.

Наградата за човекови права
на Амбасадата на Франција за 2014 година

Одбрана на социјалните права

Наградата за човекови права на Амбасадата на Франција за 2014 година ќе му припадне на здружението кое ќе развие активност или група активности во насока на одбрана на социјалните права. Социјалните права во оваа област вклучуваат: право на почит на достоинството на работното место на поединецот, во областа на здравството или во условите за живот на најранливите категории граѓани. Почитувањето на социјалните права е начин за борба против сиромаштијата и несигурноста.

Приоритетни темите за оваа награда се:
- Почитување на поединецот на работното место - право на здравство -
- Социјална заштита на ранливите категории (невработени, млади, стари ...)

Апликациите треба да се достават до Амбасадата на Франција, најдоцна до 24 ноември 2014, или преку е-маил на: prix-dh@t-home.mk , или преку пошта :

Амбасада на Франција во Скопје
Наградата за човекови права на Амбасадата на Франција
ул. Тодор Александров 165
1000 Скопје

За повеќе информации, обратете се на:
- Себастијан Ботро Бонтер
(тел : 23 244 325 - sebastien.botreau-bonneterre@diplomatie.gouv.fr ) или на
- Весна Колеска - за македонски јазик
( тел : 23 244 323 - vesna.koleska@diplomatie.gouv.fr)

Образец за регистрација :

Word - 17.5 ko
(Word - 17.5 ko)

Правилник зa наградата за човекови права:

PDF - 99.8 ko
(PDF - 99.8 ko)

publie le 09/12/2014

hautdepage