Награда за Човекови Права на Амбасадата на Франција [fr]

Француската Амбасада во Скопје ја воведе Наградата за човекови права на Француската Амбасада во 2013 година. Оваа награда се доделува секоја година, по повод Денот на човековите права, на македонско здружение, чии активности се во доменот на човековите права во Македонија.
Крајниот рок за поднесување на апликациите за Наградата за човекови права за 2015 година на Амбасадата на Франција е поместен за 5 ноември

Наградата, која e во износ од 1000 евра, претставува поттик за здружението да продолжи со делување во насока на развој на човековите права во Република Македонија.

Кое било здружение, заведено со македонскиот закон, може да аплицира за оваа награда, согласно условите поставени на веб-страницата на Амбасадата. Потребно е здружението да има изработено проект за промоција на човековите права, кој би бил сочинет од од една или повеќе конкретни активности, кои ќе помогнат во подигнување на свеста за човековите права.

Наградата ќе биде официјално доделена на 10 декември, односно на денот кога беше донесена Универзалната декларација за човекови и граѓански права, во Париз, на 10 декември 1948 година, од страна на земјите членки на Организацијата на Обединетите Нации.

Наградата за човекови права
на Амбасадата на Франција за 2015 година

Правото на здрава животна средина

« Човекот го има основното право на слобода еднаквост и соодветни услови за живот, во квалитетна животна средина која овозможува достоинствен живот и благосостојба. Тој има света должност да ја штити и унапредува животната средина за сегашните и идните генерации »
Начело 1 од финалната Декларација на Конференцијата на Обединетите Нации за животната средина (1972)

Наградата за човекови права на Амбасадата на Франција за 2015 година ќе му припадне на македонско здружение, кое развило или ќе развие, во Македонија, активност или pove}e zna£ajni активности за промоција на правото на здрава животна средина пред одговорните претставници на локално и на државно ниво.
Наградени се исто така граѓанските активности што ја предупредуваат јавната власт за локалните еколошки проблеми кои може да им наштетат на правата на секој поединец да живее достоинствено и мирно.

Апликациите треба да се достават до Амбасадата на Франција, најдоцна до 5 ноември 2015 година, или преку е-маил на: sebastien.botreau-bonneterre@diplomatie.gouv.fr или преку пошта :

Амбасада на Франција во Скопје
Nagrada za ^ovekovi Prava na Ambasadata na Francija
ул. Тодор Александров 165
1000 Скопје

За повеќе информации, обратете се на: Себастијан Ботро Бонтер (тел : 23 244 325 - sebastien.botreau-bonneterre@diplomatie.gouv.fr или на Весна Колеска ( 23 244 323 - за македонски јазик)

Правилник за Наградата за Човекови права на Амбасадата на Франција 2015

Член 1 : Предмет на Наградата
§ 1 : Во 2013 година, Амбасадата на Франција во Скопје за првпат ја додели Наградата за човекови права. Оваа награда ќе се доделува секоја година, по повод Денот на човековите права, на македонско здружение, чии активности се во доменот на човековите права во Македонија.
§ 2 : Наградата ќе биде доделена во Скопје, на 10 декември 2015 година, по повод денот на човековите права.
§ 3 : Наградата ќе се додели за веќе реализирани активности на терен или проекти во тек што се однесуваат на заштита и промовирање на човековите права.
§ 4 : Темата на Наградата за Човекови права на Амбасадата на Франција за 2015 година е со наслов « право на здрава животна средина ». Кандидатурите треба да се соодветни на оваа тема.
§ 5 : За наградата Човекови права на Амбасадата на Франција, може да конкурираат, активности или проекти на здруженија регистрирани во Република Македонија.

Член 2 : Доделување на Наградата
§ 1 : Наградата ќе ја додели ¤ири-комисија на најинтересниот проект презентиран од страна на здруженијата.
§ 2 : жирито има ексклузивно право да додели « специјални описни оцени » со цел да ги поттикне кандидатурите од посебен интерес.
§ 3 : Наградата е во износ од 1000 евра. Таа подлежи на склу£ување на договор помеѓу Француската Амбасада и здружението примател на наградата.

Член 3 : Процедура за аплицирање
§ 1 : Кандидатурите треба да бидат доставени пред 26 октомври 2015.
§ 2 : Досието за кандидатура се состои од апликацијата во анекс, детален опис на акцијата или предложениот проект за наградата како и писмено презентирање на Здружението со официјални документи.
§ 3 : Досието треба да биде испратено по електронска пошта на : себастиен.ботреау-боннетерреЖдипломатие.гоув.фр или испратено по пошта на следната адреса :

Француска Амбасада во Скопје
Наградата за Човекови права на Амбасадата на Франција
Тодор Александров бр. 165
1000 Скопје

§ 4 : Потребно е апликациите да бидат пополнети, по избор, на француски, англиски или македонски јазик.
§ 5 Секој примерок (македонскиот, францускиот или англискиот примерок) треба да биде своерачно потпишан од службеното одговорно лице на здружението кандидат со пе£ат.
§ 6 : Кандидатурите треба е да бидат адресирани до Госпоѓата Амбасадорка.
Истите треба да имаат детален опис на акцијата или проектот, со финансиска процена, како и презентирање на операторот.
§ 7 : Доколку смета за потребно, Амбасадата има право да побара додатни документи и детали.

Член 4 : жири-комисија
§ 1 : Наградата се доделува секоја година од страна на жири комисија од Француската амбасада, составена од француски и македонски членови.
§ 2 : Претседател на жирито е Амбасадорката на Франција.
§ 3 : Одлуките на жирито се независни и не може во никој случај да бидат оспорувани.

JPEG

publie le 29/10/2015

hautdepage