Награда за Човекови Права на Амбасадата на Франција - 2016 [fr]

Француската Амбасада во Скопје ја воведе Наградата за човекови права на Француската Амбасада во 2013 година. Оваа награда се доделува секоја година, по повод Денот на човековите права, на македонско здружение, чии активности се во доменот на човековите права во Македонија.

Наградата, која e во износ од 1000 евра претставува поттик за здружението да продолжи со делување во насока на развој на човековите права во Република Македонија.

Кое било здружение, заведено со македонскиот закон, може да аплицира за оваа награда, согласно условите поставени на веб-страницата на Амбасадата. Потребно е здружението да има изработено проект за промоција на човековите права, кој би бил сочинет од од една или повеќе конкретни активности, кои ќе помогнат во подигнување на свеста за човековите права.

Наградата ќе биде официјално најавена на 10 декември, односно на денот кога беше донесена Универзалната декларација за човекови и граѓански права, во Париз, на 10 декември 1948 година, од страна на земјите членки на Организацијата на Обединетите Нации. Доделувањето на наградата на победникот ќе биде кон крајот на месец јануари.

Награда за човекови права на Амбасадата на Франција за 2016 година

Општествената вклученост на хендикепираните лица

Во согласност со Меѓународната конвенција за хендикепираните лица од 2008 г. "Хендикепирани лица се оние кои имаат трајни физички, ментални, интелектуални или сетилни нарушувања кои во интеракција со различни пречки може да го попречат целосно и ефективно учество во општеството врз основа на еднаквост со другите."
Како што е предвидено во меѓународните закони за човекови права, никаква форма на дискриминација, освен кога се работи за јавниот ред, не е дозволена. Меѓутоа, за да стане конкретен овој основен принцип на човековите права, државите треба да бидат особено вклучени. Граѓанското општество треба да ја потсетува државата на нејзините обврски и да и помага во нејзините напори. Така, во чувствителната област на интеграцијата на хендикепираните лица, здруженијата и организациите од граѓанското општество реализираат суштински активности за да обезбедат обука, поддршка, работа, здравствена заштита на хендикепираните лица. Амбасадата сака да им оддаде почит.


Апликациите треба да се достават до Амбасадата на Франција, најдоцна до 1 декември 2016 година
или преку е-маил на : sebastien.botreau-bonneterre@diplomatie.gouv.fr
или преку пошта :

Амбасада на Франција во Скопје
Награда за човекови права на Амбасадата на Франција
ул. Тодор Александров 165
1000 Скопје

За повеќе информации, обратете се на : Себастијан Ботро Бонтер (тел : 23244325 – sebastien.botreau-bonneterre@diplomatie.gouv.fr) или на Весна Колеска (23244323 – за контакт на македонски јазик)

Правилник за Наградата за Човекови права на Амбасадата на Франција 2016

Член 1 : Предмет на Наградата
§ 1 : Во 2013 година, Амбасадата на Франција во Скопје за првпат ја додели Наградата за човекови права. Оваа награда ќе се доделува секоја година, по повод Денот на човековите права, на македонско здружение, чии активности се во доменот на човековите права во Македонија.
§ 2 : Наградата ќе биде најавена во Скопје, на 10 декември 2016 година, по повод денот на човековите права. Ќе биде доделена кон крајот на месец јануари 2017 година.
§ 3 : Наградата ќе се додели за веќе реализирани активности на терен или проекти во тек што се однесуваат на заштита и промовирање на човековите права.
§ 4 : Темата на Наградата за Човекови права на Амбасадата на Франција за 2016 година е со наслов « Општествената вклученост на хендикепираните лица ». Кандидатурите треба да се соодветни на оваа тема.
§ 5 : За наградата Човекови права на Амбасадата на Франција, може да конкурираат, активности или проекти на здруженија регистрирани во Република Македонија.

Член 2 : Доделување на Наградата
§ 1 : Наградата ќе ја додели жири-комисија на најинтересниот проект презентиран од страна на здруженијата.
§ 2 : жирито има ексклузивно право да додели « специјални описни оцени » со цел да ги поттикне кандидатурите од посебен интерес.
§ 3 : Наградата е во износ од 1000 евра. Таа подлежи на склучување на договор помеѓу Француската Амбасада и здружението примател на наградата.

Член 3 : Процедура за аплицирање
§ 1 : Кандидатурите треба да бидат доставени пред 1 декември 2016.
§ 2 : Досието за кандидатура се состои од апликацијата во анекс, детален опис на акцијата или предложениот проект за наградата како и писмено презентирање на Здружението со официјални документи.
§ 3 : Досието треба да биде испратено по електронска пошта на : sebastien.botreau-bonneterre@diplomatie.gouv.fr или испратено по пошта на следната адреса :

Француска Амбасада во Скопје
Наградата за Човекови права на Амбасадата на Франција
Тодор Александров бр. 165
1000 Скопје

§ 4 : Потребно е апликациите да бидат пополнети на два јазика, на македонски и на француски или на англиски јазик.
§ 5 Секој примерок (македонскиот и францускиот или англискиот примерок) треба да биде своерачно потпишан од службеното одговорно лице на здружението кандидат со печат.
§ 6 : Кандидатурите треба е да бидат адресирани до Господинот Амбасадор.
Истите треба да имаат детален опис на акцијата или проектот, со финансиска процена, како и презентирање на операторот. Писмото за кандидатура треба да биде напишано на француски јазик
§ 7 : Доколку смета за потребно, Амбасадата има право да побара додатни документи и детали.

Член 4 : жири-комисија
§ 1 : Наградата се доделува секоја година од страна на жири комисија од Француската амбасада, составена од француски и македонски членови.
§ 2 : Претседател на жирито е Амбасадорот на Франција.
§ 3 : Одлуките на жирито се независни и не може во никој случај да бидат оспорувани.

ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ :

Word - 18.4 ko

JPEG

publie le 06/11/2016

hautdepage