Награда за човекови права на Амбасадата на Франција [fr]

Награда за човекови права на Амбасадата на Франција

Амбасадата на Франција во Скопје доделува Награда за човекови права на Француската Амбасада. Оваа награда периодично ќе се доделува на личност или на македонско здружение што придонесуваат за човековите права во Македонија и коишто ќе бидат достојни за таа награда.

Наградата изнесува 1000 евра, а истата ќе се додели за потфат или за специфични активности поврзани со човековит права.
Секој полнолетен граѓанин, секое македонско регистрирано здружение може да достави кандидатура за оваа награда. Кандидатурите треба да ги почитуваат правилата пропишани од страна на Амбасадата кои ќе бидат објавени на нејзината Интернет страница.

На свечена пригода, Наградата ќе му биде доделена на добитникот на 10 декември, кога е јубиларното одбележување на Универзалната декларација за човекови Права и правата на Граѓанинот донесена на 10 декември 1948 во Париз од страна на членките на Обединетите нации.

Награда за човекови права на Амбасадата на Франција – 2013
Борба против исклучување

Борба против дискриминациите – борба против сиромаштијата – борба во полза на малцинствата

Правилник

Темата за првата награда за човекови Права на Француската Амбасада е борбата против исклучување (борба против дискриминации – борба против сиромаштија – борба во полза на малцинствата)

Наградаата изнесува 1000 евра и ќе биде доделена за една или повеќе спроведени активности на предложената тема. Секој полнолетен македонски граѓанин, секое правно регистрирано македонско здружение, можат да конкурираат за оваа награда.

Одлуката за доделување на наградата од страна на Француската Амбасада е легална и не подлежи на никаков приговор.

Потребно е кандидатите да го пополнат формуларот подолу, истиот е објавен на веб страницата на Француската Амбасада во Скопје, и треба да биде доставен по пошта најдоцна до 30 септември 2013 на следната адреса:

Француска Амбасада во Скопје
Награда за Човекови права на Француската Амбасада
Ул. Салвадор Аљенде бр 73
1000 Скопје

Апликацијата се доставува пополнета на два јазика, задолжително на македонски јазик и на француски или англиски.
Секоја апликација (македонската, француската или англиската) треба да биде своерачно потпишана од страна на кандидатот. Ако се работи за здружение, апликациите ќе бидат потпишани и со печат од страна на правниот застапник на здружението.

Одлуката за доделување на наградата ќе биде официјално објавена на церемонијата на доделувањето на 10 декември.

Апликација

1. Назив на здружението или на кандидатот поединец, адреса, телефон, електронска адреса, по можност веб страница или блог.
2. Покровители и лица што гарантираат за спроведените активности.
3. Опис на активностите во најмногу 20 редови.
4. За здруженијата, датум на регистрирање на здружението, буџет за тековната и претходната година, извори на финансирање, податоци за евентуално склучени договори.

publie le 16/07/2013

hautdepage