Награда за човекови права на Амбасадата на Франција 2013 [fr]

Амбасадата на Франција во Скопје создаде , како што е случај во многу земји , награда за човекови права на Амбасадата на Франција. Оваа награда секоја година ќе им биде доделена на поединци или асоцијации од Македонија кои делувале во корист на човековите права во Македонија на начин достоен да биде објавен и охрабрен.

Темата за првото издание на оваа награда е борба против исклучување (борба против дискриминација - борба против екстремната сиромаштија - борбата за правата на малцинствата). Досиејата беа доставени од страна на заинтересирани невладини организации во периодот јули и септември 2013 година, по оглас кој беше објавен на интернет .

Наградата за човекови права на Амбасадата на Франција во Скопје за 2013 година, му беше доделена на Здружението за одбрана на правата на децата, во чест на одличната работа на терен, ден по ден, со храброст и упорност од страна на сите членови на оваа асоцијација со најсиромашните и најранливите деца.

Оваа награда официјално му беше доделена на победникот на 10 Декември 2013 година, дента на годишнината од Универзалната декларација за човекови права и граѓански слободи, усвоена во Париз на 10 декември 1948 од страна на земјите членки на Обединетите нации .

JPEG

Говорот на француската Амбасадорка Лоренс ОЕР

Доделување на наградата за човекови права на Амбасадата на Франција за 2013
Резиденција на Франција
10 декември 2013
070/299-781

Г-дин Претседател, Госпоѓо Пратеник,
Дами и господа,

На 10 декември 1948 година, пред 65 години, на состанокот во Париз, во Пале де Шајо (Palais de Chaillot), претставниците на 58 земји-членки на ОН ја усвоиа Универзалната декларација за човекови права, за која исклучителен придонес даде професорот Рене Касен.

Целиот текст на Декларацијата беше составен во нешто помалку од две години . Во време кога светот беше поделен меѓу источен и западен блок, да се најде заедничко решение за тоа што треба да биде суштината на овој документ беше колосална тешка задача. Сепак, брзината со која е изготвен и усвоен покажува колку била истакната потребата и итноста од истиот која ги анимирала сите членки на Обединетите нации да подготват референтен текст која е всушност првата глобална афирмација на достоинството и еднаквост помеѓу сите човечки суштества.

Денес, кога целиот свет го оплакува големиот државник, каков беше Нелсон Мандела, јас ќе потсетам на универзалните вредности кои и претходат на оваа Декларација. Тоа што Нелсон Мандела го нарекуваше Ubuntu, тој поим кој го вклучува човештвото, простувањето и помирувањето, тука на Балканот, претставува иста потреба, за да секое човечко суштество има право да живее во мир, достоинство и помирување.

Министерството за надворешни работи го претвори овој 10 декември 2013 година, во ден против насилството врз жените. Амбасадата на Франција во Скопје одлучи да се воспостави награда за човекови права и за прв пат ја дава оваа награда во 2013 година, како што многу амбасади на Франција во светот го правата веќе оддамна.
Оваа наградата на Амбасадата на Франција ќе се доделува еднаш годишно на лице или Македонското здружение кое постапило во корист на човековите права во Македонија , на начин достоен да биде одбележан и охрабруван.

Тема што беше избрана за првото издание на оваа награда беше борбата против исклучување, борба против дискриминацијата - борба против екстремната сиромаштија - борбата за правата на малцинствата.

Наградата за човекови права на Амбасадата на Франција во Скопје му беше доделена во 2013 година, со едногласна одлука на жирито, на Здружението за одбрана на правата на децата, за одличната работа на терен , ден по ден, со храброст и упорност од страна на сите членови на оваа асоцијација со најсиромашните и најранливите деца.

Активно од 1998 година, Здружението за одбрана на правата на децата го отвори дневниот центар во Шуто Оризари, каде што децата скитници од улиците добиваат грижа, здравствена и образовна. Здружението обезбедува и откривање на децата жртви на запоставување или малтретирање од страна на родителите или возрасни и притоа ги мобилизираат соодветните институции. Тоа организира посредување со родителите и училишните службеници , како и со работодавачите за да најдат работа за младите луѓе кои поминале низ дневниот центар.

Го повикувам професорот Владимир Ортаковски, претседател на Здружението за одбрана на правата на детето, да ја прими дипломата со која се потврдува оваа награда, чија цел е да се даде почит на неговото Здружение и да се сврти вниманието кон работата на сите оние во Македонија кои придонесуваат за јакнење на човековите права.

Изразувајќи благодарност за завршената работа, јас Ви упатувам, господине Претседателе, најсрдечни честитки.

JPEG
JPEG
JPEG

publie le 17/12/2013

hautdepage