Намерата на Париз е да успееме заедно [fr] [sq]

„Намерата на Париз е да успееме заедно“, рече амбасадорот: „да се искористи историската можност за нов процес заснован врз реалноста и да се избегне стагнацијата што се случува кај други земји, како што е обесхрабреното јавно мислење поради бескрајните процеси и без забележителни резултати во пракса“, при неговиот говор во Парламентот во вторникот на 26 ноември пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции, на седницата посветена на нон-пејперот за проширувањето на ЕУ.

Реформите во судскиот систем и владеењето на правото се меѓу приоритетите во рамките на принципите утврдени со овој француски документ. Амбасадорот потсети притоа на значењето што Франција и другите земји-членки ја придаваат кон ефективното постапување со случаите што ги остави Специјалното јавно обвинителство, како показатели за вистинска волја кај политичките лидери против неказнивоста и корупцијата.

publie le 30/11/2019

hautdepage