Натпреварот по меѓународно хуманитарно право, „Жан Пикте“ [fr] [sq]

Триесеттото издание на натпреварот по меѓународно хуманитарно право, „Жан Пикте“ се одржува во траење од една недела во Охрид. На натпреварот учествуваат 144 студенти од 26 различни земји.

Поддржан од Амбасадата на Франција, Меѓународната организација на Франкофонијата, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Министерството за надворешни работи на Швајцарија, натпреварот беше официјално отворен во саботата, на 24 март, од страна на амбасадорот на Франција, амбасадорката на Швајцарија и градоначалникот на Охрид. Студентите, поделени во тимови од по тројца учесници, ќе работат и дебатираат на француски и на англиски јазик за да ја освојат титулата најдобар тим по меѓународното хуманитарно право.

publie le 02/04/2018

hautdepage