Научна соработка француско-македонска

Избор на проекти Интегфрафм (Научна француско-македонска интеграција) за 2008-2009

- Г.Бернард Валеро, Амбасадор на Франција и Г. Јован Лазарев, Заменик Министер за образование и наука, ќе потпишат во четврток 31 јануари 2008 во 10.00 часот во просториите на Министерството, документ за имплементација на врвно научно партнерство за 2008 и 2009 година помеѓу Франција и Македонија.
JPEG
- Позната како «IntegraFM », ова партнерство « Hubert Curien » за француско-македонско истражување има за цел да ја развие размената помеѓу двете научни заедници. Овие програми целат исто така и кон охрабрувањето на формирање на европски мрежи за истражување и да допринесе во конструкција на Европски простор за истражувања.

- Петте научни проекти на врвно француско-македонско истражување се избрани по објавениот конкурс од мај 2007. Ќе ја имаат финансиската поддршка од двете влади. Оваа поддршка ќе биде наменета за финанцирање на мобилиноста на истражувачите вклучени во « Hubert Curien » партнерства.

Избраните француско-македонски проекти покриваат доста разноврсни истражувачки области како што се науки за земјата и вселената, општествени науки, науки на информатичка технологија и комуникација како и хемија. Тие се занимаваат со разноврсни теми како рудните наслаги, обсервација на влијанието на високо ниво на колестерол кај бубрежно болните, импактот од зрачењата на носечките струења на домаќинствата или пак трансформација на молекулите и анализа на древната керамика на Балканот. По примерот на претходните години овие партнерства ќе овозможат да се воспостават трајни врски меѓу познати француски универзитети и лаборатори за истражувања како што се ЦНРС или ИНСЕРМ и македонски универзитетски лаборатории од Скопје и од Штип.

- Во неговиот говор, Амбасадорот на Франција ќе ја истакне значајноста на « овој договор кој отвара нова патека за соработка помеѓу Франција и Македонија во врвни научни области кои ќе овозможи заедничка работа на универзитетите, администрациите, лабораториите и научниците на двете земји. Тоа е нова страница во француско-македонската соработка која ете се отвара со споделена одговорност во служба на науката и во служба на европеизацијата на научната заедница во Македонија».

publie le 08/04/2012

hautdepage