Научната франкофонија во служба на човештвото [fr] [sq]

Со поддршка од амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Универзитетската агенција за Франкофонија го прифати проектот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје и неговиот Институт за биохемија во рамките на меѓународниот повик за универзитетски иницијативи за борба против пандемијата КОВИД-19.

Од 2006 година, Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата. Во овој контекст, таа располага со Франкофонски центар за универзитетски успех (CRU) bit.ly/2X7cXgq, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, наречен „Le Très-Fle“ (Детелина). Оваа иницијатива беше покрената во есента 2018 година со цел да се унапреди изучувањето на францускиот јазик на Филолошкиот факултет.

Со поддршка од амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Универзитетската агенција за Франкофонија го прифати проектот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје и неговиот Институт за биохемија во рамките на меѓународниот повик за универзитетски иницијативи за борба против пандемијата КОВИД-19 bit.ly/36Ek8Qb. Овој проект, во висина од 20.000 евра, ќе овозможи да се направат значителен број серолошки тестови и да се набави заштитна опрема за вработените во здравствениот сектор.

JPEG

publie le 29/05/2020

hautdepage