Не постои добар договор без компромис [fr] [sq]

« Сите пријатели на Македонија во Европа, вклучувајќи го и претседателот Макрон, се надеваат дека договорот ќе биде потврден со референдумот, а потоа и во собранијата на Македонија и на Грција ».

« Во Франција, ние имаме искуство со договорот помеѓу генералот Де Гол и канцеларот Аденауер. Тој договор не беше совршен, но содржеше многу компромиси. Генералот Де Гол беше силно критикуван. Сепак, договорот беше усвоен и денес сите признаваат дека тој е од суштинско значење за односите помеѓу Франција и Германија, но и за изградбата на Европа. Договорот меѓу Македонија и Грција не е совршен. Но, мислењето е едногласно во Европа дека во блиска иднина, подобар договор не може да се склучи. А оние што дејствуваат во насока на тоа како договорот би пропаднал, тие би ја понеле историската одговорност, бидејќи тој е важен не само за односите со Грција, туку и со НАТО и со ЕУ. », вели амбасадорот на Франција Н.Е. господинот Ален Ле Роа за телевизијата Телма.

Еве го неговото интервју во целина:

publie le 25/09/2018

hautdepage