Независен и ефикасен јавен информативен сервис е клуч за европската иднина [fr] [sq]

По повод дваесет годишниот јубилеј, Информативната агенција МИА му постави неколку прашања на aмбасадорот поврзани со квалитетот на работата на оваа државна информативна агенција.

ПРАШАЊА:

1. Веќе 20 години МИА настојува да ги задоволи професионалните стандарди во сферата на нејзината функција. Колку сте задоволни од досегашната соработка со Агенцијата и информациите кои таа ги нуди?

- Амбасадата на Франција упатува честитки до МИА и до сите соработници за овој јубилеј. Ова е повод да поздравиме одличен партнер и еден од сигурните извори на информарање во земјата. Амбасадата особено ги почитува напорите за објективна и избалансирана информација а особено напредокот кој беше постигнат во таа насока од пред година дена. Еден од суштинските услови за да Македонија напредува на нејзиниот европски пат е да поседува квалитетен јавен информативен сервис.

JPEG

2. Сметате ли дека рејтингот на МИА се движи во нагорна линија?

- Рејтингот на Миа ќе се движи по нагорна линија уште повеќе поради почитувањето на плурализмот и разноликоста но и благодарение на динамичната промоција, како онаа за време на последните избори како бесплатен сервис за медиумите кои имаа пристап до поизбалансирана и понезависна информација.
3. Какво е според Вас значењето и улогата на МИА во земјата и регионот?

МИА може да послужи како пример за една Македонија која го негува плурализмот во информирањето, тема која е чувствителна во регионот, каде слободата на медиумите е сеуште релативна па дури и загрозена, надвор од принципиелните изјави.

4. Која е Вашата порака за МИА по повод 20-годишниот јубилеј ?

Браво и благодарам на МИА ! И посакуваме се повеќе да се развива,
да биде поблиску до теренот, да ја остварува целосно својата улога кај јавноста, што е од витално значење за вистинска демократија. Независен и ефикасен јавен информативен сервис е клуч за вашата европска иднина : тоа е постојана битка насекаде. Со среќа !

publie le 11/09/2018

hautdepage