Никола Димитров во официјална посета на Париз [fr] [sq]

За време на својата посета на Париз, министерот Димитров оствари средба со дипломатскиот советник на претседателот Макрон, г. Филип Етјен, на којашто тие разговараа за актуелната состојба во Македонија и за европските перспективи на земјата и регионот на Западен Балкан.

Министерот Димитров беше примен и од Групата за парламентарна соработка помеѓу Франција и Македонија во Националното собрание и разговараше со пратениците Бертран Сор, Грегори Галбадон и Лилјана Танги, за односот помеѓу нашите две земји и можностите за идна парламентарна соработка. Исто така, дебатата во Сенатот беше отворена и плодна.

Министерот Димитров имаше можност да разговара за актуелни прашања во регионот на Балканот со г-ѓа Марта де Сидрак, сенаторка на Ивлин и претседател на групата за парламентарна соработка Франција-Западен Балкан, како и со нејзиниот потпретседател, г. Арно Базен, одговорен за Македонија.

publie le 09/05/2018

hautdepage