Нормалното функционирање на Парламентот, предуслов за европска интеграција на земјата [fr] [sq]

На 28 февруари амбасадорот оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, придружуван од генералниот секретар на партијата, г. Игор Јанушев и од г. Игор Николов, член на Извршниот комитет на партијата.

JPEG

Во оваа прилика, тие разговараа за актуелната политичка состојба, за стратешките приоритети на Македонија и за реформските процеси. Претседателот и амбасадорот се согласија дека е потребен конструктивен политички дијалог кој ќе овозможи опозицијата активно да се вклучи во работите од најголемо значење за земјата. Амбасадорот ја изрази својата поддршка кон процесот на разговори со цел враќање на нормалното функционирање на Парламентот, како основен предуслов за европска интеграција на земјата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја потврди волјата на неговата политичка партија активно да учествува во процесите на европска и атлантска интеграција. Амбасадорот му честита на новиот генерален секретар и му посака да ги спроведе планираните реформи во партијата за да ја зајакне внатрешната демократија и да го даде очекуваниот придонес на македонската политичка сцена.

JPEG

publie le 05/03/2018

hautdepage