Конкурс : „моето мини-видео“. [fr]

Францускиот институт во Скопје, во соработка со асоцијацијата Метаморфозис и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „моето мини-видео“.

JPEG

Конкурсот е отворен за младите од 18 до 28 години (по можност франкофони или англофони) ayant un intérêt pour le multimédia(nécessité d’avoir un Smartphone permettant la capture de vidéo) кои се интересираат за мултимедијалната сфера (потребно е да имаат смартфон со камера). Кандидатите треба да имаат желба слободно да го изразат нивното мислење на конкретна актуелна тема, годинава на тема слобода на изразување. Најуспешните мини-видеа (3 мин.) ќе бидат прикажани на новото издание на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.

Победникот на конкурсот ќе биде гостин на фестивалот Off-Court во Трувил, Нормандија, а воедно ќе добие и подготвителни часови по француски јазик од Францускиот институт во Скопје.

Две подготвителни работилници ќе се одржат на 12 и 13 мај 2016 г., а се наменети за селектираните 15 кандидати со цел да им се дадат упатства за пишување сценарио, за технички совети и практична реализација на видеото.
Можни работни јазици: француски, македонски, албански и англиски.

Формуларот за учество на конкурсот и на подготвителните работилници треба да се испрати на на следната мејл : culture@ifs.mk најдоцна до 6 мај 2016 година

Кандидатите, коишто имаат желба директно да земат учество во видео-натпреварот, потребно е триминутното видео да го прикачат на YouTube и да го испратат линкот на culture@ifs.mk најдоцна до 30 мај 2016 год., заедно со име и презиме на учесникот, возраст, број на телефон и е-маил адреса.

За преземање на формуларот за учество, како и за дополнителни информации во врска со конкурсот, следете го овој линк.

publie le 24/04/2016

hautdepage