Парискиот мировен Форум [fr] [sq]

Парискиот мировен Форум опфаќа 5 теми : мир и безбедност, животна средина, развој, дигитализација и нови технологии, инклузивна економија

Цeли на Парискиот Мировен Форум што ќе се одржи од 11 до 13 ноември 2018 по повод чествувањето за стогодишнината од примирјето за Првата светска војна

Парискиот мировен Форум ја вклучува иницираната динамика од претседателот на Француската Република, Emmanuel Macron, за реафирмирање на важноста на мултилатерализмот и колективното дејствување наспроти актуелмните предизвици.

Целта е да се воздигне мирот преку подобро владеење на светско ниво и фаворизирање на се’ што оди во прилог за намалувањето на меѓународните тензии : а тоа е соработката меѓу државите заради соочување со меѓуграничните предизвици, колективното управување со светскиот јавен имот, подобреното регулирање на интернетот и размените ит.н.
Платформа за размена и дебатирање

Инспириран од моделот на COP21, Парискиот мировен Форум ќе стане место за споделување на искуствата и новите решенија кои ги здружуваат сите актери на владеење: шефовите на држави и на влади, избрани на локално и национално-државно ниво, регионални и меѓународни организации, граѓанско општество во поширока смисла (установи, aсоцијации, ONG фондации, think tank, медиуми, религиозни претставници, синдикати...). Целта е давање приоритет на проектите за начинот на владеење со нивно разгледување преку разни дебати и форсирање на средби меѓу носителите на проектите и нивните непосредни одлучувачи.
Парискиот мировен Форум опфаќа 5 теми : мир и безбедност, околина, развој, дигитализација и нови технологии, инклузивна економија.
Селективниот комитет за Парискиот мировен Форум доби речиси 900 кандидатури од 116 земји. Меѓу нив, 119 проекти се избрани за да бидат претставени во рамките на првата форумска едиција.

По што се препознаваат издвоените проекти со повеќе информации за Парискиот мировен Форум

Парискиот мировен Форум е создаден во содејство на законот 1901. Тој ја опфаќа Националната фондација за политички науки (Sciences Po), Фондацијата Körber, Фондацијата Mo Ibrahim, Францускиот институт за меѓународни односи, Институтот Montaigne и Француската Република, претставена преку Европското министерство и меѓународните односи.

Настанот што опфаќа 3 дена, ќе се одржи во La Villette од 11 до 13 ноември 2018. • https://parispeaceforum.org/fr/

publie le 09/11/2018

hautdepage