Нова постојана изложба на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Скопје [fr] [sq]

Амбасадорот ја посети новата постојана изложба на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Скопје, придружуван од директорот Горан Садикарио. Изложбата го нагласува богатството на балканската еврејска култура и испраќа порака до новите генерации за пренесување на културното наследство, традициите и спомените кои ја сочинуваат нашата заедничка европска историја, но исто така и во прилог на почитувањето на универзалните вредности кои се однесуваат на сите лица.

Преку оригиналниот аудиовизуелен пристап, збогатен со бројни документи и сведоштва, оваа изложба претставува живописен приказ за една заедница поврзана со историјата на античка Македонија, со византискиот и отоманскиот период и со Југославија, а со посебен осврт на спомените од протерувањето на 7148 Евреи во март 1943 година во логорот Треблинка.

publie le 15/04/2019

hautdepage