Нови соработки во областа на правосудството [fr] [sq]

Еден дводневен семинар, им овозможи на македонските, црногорските и француските судии да ги подобрат своите практики во поглед на заедничките меѓународни истраги.

Во рамките на овој семинар, амбасадорот организираше прием во резиденцијата на Франција за Министерката за правда, г-ѓа Рената Дескоска, претседателот на Советот на јавни обвинители, г-дин Коле Штерјев, вршителот на должноста директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, г-ѓа Вјолца Елмази, Државниот советник за меѓународни односи при Министерството за правда, г-дин Мијазим Мустафа, како и претставници на француското Министерство за правда и регионалниот судија за врски, г-дин Пјер Белет.

Овие настани се дел од приоритетите на француската соработка во областа на правосудството и доброто владеење, кои се од суштинско значење за отворање на преговорите на земјата со ЕУ.

publie le 09/11/2018

hautdepage