Нови перспективи за децентрализирана соработка во Битола [fr] [sq]

Во петок, на 23 февруари амбасадорот ја посети Битола, придружуван од почесниот конзул на Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ

Во таа прилика тој разговараше за новите можности за децентрализирана соработка со претседателот на Советот на општината на градот (либералдемократ), г. Валентин Груевски, како и со претседателот на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ (опозиција) на овој град и член на советот, г. Борче Димитровски. Се зборуваше и за 50-годишнината од соработката со Епинал и за поканата на градоначалничката на француско-балканската конференција за децентрализирана соработка во Дижон. Амбасадорот го посети и јавното претпријатие "Стрежево" (хидросистем, водоснабдување и наводнување) и разговараше со неговиот директор, г. Менде Граматковски за можностите за модернизација. Овој систем е изграден според француски модел, во 80-тите години и неговото постоење беше поттик за голем број размени, обуки и контакти со Канал ди Миди. Компанијата Шнајдер Електрик најави при оваа посета дека ќе обезбеди напреден софтвер за обука на инженери.
По завршувањето на средбите, амбасадорот ги посети неодамна реновираните Исхак Челеби и Хајдар-Кади џамии. Во оваа прилика тој разговараше со муфтијата за меѓурелигиските односи и му се заблагодари за неговото учество на годишните комеморативни церемонии каде во спомен на Муслиманите кои загинале заедно со француските војници се пее посебна молитва. Тој, исто така, го посети студиото на меѓународната колонија на млади сликари, наречен Мал битолски Монмартр, чиешто творештво се создава во старата битолска чаршија.

publie le 25/02/2018

hautdepage