Нови соработки околу Франкофонијата со општина Карпош [fr] [sq]

Во вторникот, на 5 февруари амбасадорот оствари средба со градоначалникот на општина Карпош, г. Стефан Богоев.

На средбата тие разговараа за напредокот и тешкотиите во процесот на реформи, како и за можностите за соработка во областа на животната средина, урбанистичкото планирање и образованието, особено за промовирање на францускиот јазик во основното образование, како и за организација на обука и работилници за професорите по француски јазик, во соработка со Францускиот институт во Скопје.

JPEG - 100.7 ko

Тие се договорија да ја посетат спортската сала „Партизан", како симбол на градот, која беше изградена со поддршка на Франција по земјотресот во 1963 година и којашто е предмет на амбициозен проект за реновирање, како и основното училиште „Братство" во Тафталиџе, коешто е пример за образовна установа каде се изучува францускиот јазик и се негува мултиетничноста.

publie le 07/02/2019

hautdepage