Нови услови за добивање на виза [sq]

Нови услови :

PNG

- прием на странки од понеделник до петок од 09ч30 до 12ч30
- задолжително закажување на термин за сите барања на визи:

  • за жители на Косово на следниот број 0900 10 205, достапен само од фиксен телефон или мобилен оператор ИПКО
  • за жители на Македонија на бројот 058 058 333

- задолжително присуство во службата за визи
- тарифа за трошоци за досие (35 евра за виза за краток престој, 99 евра за виза за долг престој) во македонски денари, неповратни средства во случај на одбиена виза

За потсетување, задолжителни постапки :

- Амбасадата на Франција е компетентна доколку Франција претставува главна дестинација
- Списокот за обезбедување на потребни документи зависи од категорија на бараната виза
- Досието за барање виза треба да се состои од оригинални документи и фотокопии (оригинали на увид). Документите на албански/македонски јазик треба да бидат преведени.
- Списокот на документи не е конечен : службата за визи може да побара дополнителни документи
- Доколку досието е комплетно, 7 дена се потребни за издавање на виза
- Доставување на целокупната документација не значи задолжително издавање на виза
- Самата виза не претставува полно право за влез во територијата. При граничен премин, освен визиран пасош полицијата може да побара потврда за парични средства, за сместување, потврда за вра¸ање во земјата, како и задолжително поседување потврда за осигурување (здравствено осигурување - репатрирање.

publie le 06/02/2015

hautdepage