Обнова на Богородичната црква во Париз: собирање донации [fr] [sq]

По пожарот којшто уништи дел од Богородичната црква во Париз, активностите за собирање донации за нејзина обнова станаа сè побројни. Учесниците се координираат со француската држава за да им овозможат на сите да дадат свој придонес за возобновување на оваа скапоцена катедрала.

Во понеделник, на 15 април вечерта, Богородичната црква во Париз беше зафатена од голем пожар. Структурата на катедралата, фасадата и двете кули беа спасени, но покривот на наосот, на хорот и трансептот, како и кулата, изгореа во пламенот.

JPEG

Каде и како да се донира за обнова на катедралата?

Како што вети Емануел Макрон, претседателот на Република Франција, катедралата ќе биде повторно изградена во целост. Но, оваа реконструкција има своја цена. Затоа ни е потребна великодушност од сите вас.

За да се информирате и да донирате: www.rebatirnotredame.gouv.fr

publie le 26/04/2019

hautdepage