Обука посветена на борбата против трговијата со наркотици [fr] [sq]

Од 7 до 11 октомври 2019 г. во Полицискиот центар за обука во Идризово, Жан-Жак Пјердат од Централниот директорат на правосудната полиција, Служба за сузбивање илегална трговија со наркотици во Нантер, одржа обука посветена на борбата против трговијата со наркотици, наменета за единиците специјализирани за борба против трговија со дроги, како и за двајца царински службеници.

Ова беше втора француска активност од ваков вид наменета за единици распоредени на целата територија на државата. Во средата, на 9 октомври, Претседателот Стево Пендаровски го посети Центарот за обука и разговараше со обучувачот за техничките аспекти на активностите. На крајот од оваа обука, Заменик министерот за внатрешни работи, г-дин Агим Нухиу и Амбасадорот, ги врачија уверенијата за реализирана обука во резиденцијата на Франција и го истакнаа високото ниво на оваа оперативна соработка. од европска перспектива на борбата против трговијата со наркотици.

publie le 21/10/2019

hautdepage