Обука за дресери на кучиња и за трговија со возила [fr]

JPEG

На обуката што беше организирана во партнерство со ОБСЕ, од 3 до 7 ноември, во центарот за обука на единицата за службени кучиња што се наоѓа во Хиподром, учествуваа десет дресери и водачи на кучиња од единицата за службени кучиња на македонската полиција.

Полициските службеници од Центарот за обука на службени кучиња од жандармеријата разговараа и дебатираа со нивните македонски колеги за напредните техники при трагање по наркотични средства.

Обуката и размената на искуства се спроведуваа на оперативни предели како:

аеродромот Александар Велики, граничниот премин Табановце и спортскиот комплекс Борис Трајковски со цел единиците за службени кучиња да работат на терен.

Додека пак за втората обука, службеник од Бригадата за спречување на разбојништво од Париската полициска префектура држеше детално предавање од 3 до 7 ноември, во полициската академија во Идризово, за трговијата со возила пред шеснаесет полицајци кои работат во активни управи на македонската полиција.
JPEG
За време на обуката се анализаа следниве теми: откривање на украдени и преправани возила, техничка идентификација, надзор и следење, користење на електронски помагала за геолокализација, фаќање на престапници, како и борба против трговијата со возила што се прави за да им се дадат средства на криминалците да прават кривични дела.

Неделата богата со обуки заврши со финална демонстрација на техниките и доделување дипломи во присуство на Н.Е. госпоѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Франција во Република Македонија, господин Гоце Бачанов, директор на полициската академија, господин Евгеди Черенков, шеф на центарот за обука и Роберт Кароли полицаец и советник за обуки.

JPEG

publie le 20/02/2015

hautdepage