Обука за полицајци за борба против фалсификувани лекови [fr]

Обуката за борба против фалсификуваните лекови наменета за македонски полицајци, судии и цариници што се одржа на 31 март 2014 година, беше отворена од страна на г-ѓа Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи и г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Франција.

Светската здравствена организација проценува дека од 6 до 15% од светскиот пазар на лекови е жртва на фалсификување. Според француските царини, бројот на запленети артикли се зголемил за 1321% меѓу 2012 и 2013 година. По регионалниот семинар што се одржа во Косово во 2013 година, Амбасадата на Франција организира оперативна обука за борба против фалсификувањето на лекови преку Централната канцеларија за борба против нападите врз средината и јавното здравје која испрати експерт на тридневен престој во Скопје со цел да го опише криминалниот ланец и начините за справување со таа појава.
Темите на обуката се: образование за опасностите од фалсификување, превенција преку кампањи за подигнување на јавната свест, оперативна соработка меѓу безбедносните сили, царинските служби и судиите, користењето на интернет за развивање на трговијата. Во рамките на оваа обука што ја организира службата за внатрешна безбедност од Амбасадата на Франција ќе се дадат информации за агенциите за лекови и за соработката меѓу нив. Оваа обука е дел од работната програма со десет годишни проекти за соработка меѓу Амбасадата и Министерството за внатрешни работи.

JPEG

publie le 20/02/2015

hautdepage