Обука за техниките за интервенција во височина [fr] [sq]

Од 5 до 14 јуни 2018 година, двајца инструктори од Националниот центар за обука во планинарење и скијање (CNEAS) на француските сили за безбедност од Шамони и Бриансон, реализираа напредна обука за техники со јаже наменета за специјалните единици, за Одделот за Криминалистичка Техника, како и за персоналот на единицата за службени кучиња на македонската полиција, кои имаа можност да се запознаат со техниката за користење на каиш со градник за куче трагач, со помош на којшто кучето се спушта со јаже до местото на интервенција.

Различните сценарија, на повеќе локации, ги опфаќаат урбаните и природните средини. Интерактивноста на полициските служби кои се вклучени ќе биде од корист и за сите цивилни структури во државата при случај на природни катастрофи.

Континуитетот на оваа активност се рефлектира и во обуката на обучувачи кои потоа се оспособени да го пренесат знаењето и на тој начин да обучат голем број свои колеги на овие техники за интервенција во височина, со сите безбедносни критериуми и со користење на најнова генерација на опрема предложена од страна на компанијата PETZL (Франција).

Исклучителната завршна демонстрација беше спроведена од слушателите во присуство на Заменик-министерот за Внатрешни работи, г. Агим Нухиу кој срдечно се заблагодари на Министерството за внатрешни работи за оваа активност што го одразува посебниот квалитет на нашата билатерална соработка.

publie le 20/06/2018

hautdepage