Обука за усно интервју при вработување [fr]

Иновативна обука, како дел од билатералната соработка помеѓу Франција и Македонија за реформа и модернизирање на администрацијата.

Обуката е наменета за 15 службеници од Секретаријатот за спроведување на ‪Охридскиот договор‬, Агенцијата за администрација и Министерството за информатичко општество и администрација: тие институции се постојано засегнати од процесот на вработување во македонската ‎Јавна Администрација‬.

JPEG

Господинот Жилбер Елкем, професор на Sciences Po Lille, поранешен директор на Регионалниот институт за администрација, редовен соработник на ENA, во Македонија доаѓа по втор пат: тој веќе реализираше во 2014 г. општа обука за жири и конкурси за вработување во администрацијата.

JPEG

Оваа активност е дел од билатералната соработка којашто долгорочно ја реализира Амбасадата на Франција во Скопје и има за цел да даде поддршка на македонските институции во процесот на деполитизација и реформа на Јавната Администрација.

publie le 16/12/2015

hautdepage