Обука за вработување и управување со службеници, 12 и 13 јуни 2014 година [fr]

JPEG
Франција ја придружува Македонија во преземените реформите за воспоставување на ефикасна и компетентна администрација. Н.Е. Амбасадорката Лоренс Оер го отвори циклусот на четири обуки наменети за македонските службеници задолжени за човечки ресурси на 12 јуни, во присуство на државниот секретар задолжен за административната реформа, г. Јахи Јахија и директорката на Агенцијата за администрација, г-ѓа Билјана Загар.

Целта е да се подготви ефикасно спроведување на пролет 2015 година на законите за администрација усвоени минатиот јануари во Собранието. Овој циклус е финансиран од билатерални кредити и го спроведува ЕНА (Националната школа за администрација), а се повикува на искусни практичари од француската администрација. Господинот Жак Рудиер, поранешен директор за човечки ресурси во Министерството за одбрана, а сега консултант во повеќе земји за човечки ресурси го отпочна циклусот со сесија посветена на управувањето со ефикасноста и евалуацијата на службениците.
Наредните сесии ќе бидат посветени на методите на вработување, на социјалниот дијалог во рамките на администрацијата и заштитата на службениците од корупција.

Говор на Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер за време на отворањето на сесијата „Управување со ефикасноста во јавната администрација“, 12 јуни 2014 година.

„Господине државен секретар, драг Јахи Јахија,
Господине директор, драг Жак Рудиер,
Дами и господа,

Ми претставува големо задоволство да ја отворам оваа обука на високо ниво што се спроведува во рамките на билатералниот договор што беше потпишан на 23 јануари 2012 година помеѓу Амбасадата на Франција и македонското министерство задолжено за администрација.

Преку тој договор, оваа година се спроведува циклус од четири сесии на обуки поветени на теми што државниот секретар, г. Јахи Јахија ги оцени како приоритетни, имено:

- управување со ефикасноста во администрацијата (12 и 13 јуни 2014 година),
- процесот на вработување во јавната адмнистрација (септември-октомври 2014 година),
- борбата против корупција во јавната администрација (септември-октомври 2014 година),
- подобрување и зајакнување на социјалниот дијалог (ноември 2014 година).
Обуките ги обезбедува ЕНА која се обраќа до искусни практичари за нивно спроведување. ЕНА ќе им додели сертификати на сите учесници кои ќе го следат целиот циклус на обуки на последната сесија од обуките, односно во ноември 2014 година.

Згора на тоа, ќе се организира студиска посета на мала група вработени од Министерството, од Агенцијата за администрација и една општина по септември 2014 година во Париз. Посетата ќе им овозможи на идните обучувачи на обучувачи подобро да се запознаат со управувањето на јавната администрација во Франција, односно и на централната администрација и на единиците на локална самоуправа.

Првата обука која се одржува на 12 и 13 јуни, е посветена на управувањето со ефикасноста во јавната администрација.

Јас срдечно му се заблагодарувам на излагачот на оваа обука, господинот Жак Рудиер, поранешен директор за човечки ресурси при француското Министерство за одбрана, а сега консултант за вработување и јавна администрација за многу организации, како едно збратимување во Косово. На обуката пред сè, ќе се анализираат принципот за евалуација од 360 степени и важноста на клучната улога на топ менаџментот за ефикасно управување со човечките ресурси во администрацијата.

Овој циклус на обуки повторно укажува на поддршката од Франција за реформите на јавната администрација, за кои многу придонесе Реми Прива за време на неговата мисија во Скопје, особено при составувањето на акциониот план 2010-2015 за реформата на јавната администрација. Јас му се заблагодарувам на Бертран Миле кој го замени Реми Прива, за тоа што ги организираше сите активности годинава и што продолжи со важната работа за професионализација на администрацијата.

Дами и господа, ви посакувам успешна обука.“

publie le 20/02/2015

hautdepage