Очекувања и надежи во Новата година [fr] [sq]

Одговарајќи на прашање од месечниот магазин „Економија и бизнис", како дел од неговото двоброј издание декември 2018 / јануари 2019 година, амбасадорот зборува за своите очекувања и надежи во Новата година, за претстојните предизвици, особено на економски план, со доаѓањето во Скопје на нашата Француска агенција за развој.

Исполнети сме со надеж во пресрет на оваа Нова година, во која сите очекуваме и се надеваме дека ќе претставува решавачка делница од европскиот пат на земјата. Што се однесува до нашата амбасада пак, очекувањата ни се насочени пред сè кон доаѓањето во Скопје на француската Агенција за развој, која доби овластување од Владата на Франција да реализира активности на овие простори и која со своите значителни ресурси ќе поддржи нови проекти од областа на животната средина, на образованието и на општеството воопшто. Нејзиното присуство ќе претставува поддршка за нашите заложби да направиме нешто повеќе и подобро, како за соработката помеѓу двете земји, така и за ефективните реформски процеси.

JPEG

Со такви желби и очекувања, посакуваме среќна и успешна Нова година !

publie le 07/01/2019

hautdepage